Ова се македонските репрезентативни дресови за Европско првенство

28 мај 2021

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги промовираше дресовите кои нашите репрезентативци ќе ги носат на претстојното Европско првенство.

Новиот дизајн е достапен во три варијанти - црвена, бела и црна.

Веднаш по објавувањето, се појавија и бурни реакции.

Дел од јавноста смета дека дресовите воопшто не се добри, посочувајќи дека не треба да изостанува сонцето и црвено-жолтата комбинација од државниот симбол. Други пак сметаат дека, дизајнот е современ, па дури и трендовски, ако се земат предвид дресовите на останатите репрезентации од Европското првество.

Она што е највпечатливо на новите дресови се контурите на балканскиот рис, воочливи во предниот дел на дресот.

Рисот е еден од националните симболи на Македонија, но и симбол на македонската фудбалска репрезентација, но сепак дел од јавноста не се согласи дека треба да се најде на дресот.

Какво е вашето мислење?

Погледнете ги дресовите:

За потсетување, Европското првенство во фудбал започнува на 11 јуни, а Македонија своето деби на континенталниот собир ќе го има на 13 јуни во Букурешт, каде ќе игра против Австрија.

 

 

Објавено:
28 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
898 пати