Оваа недела конечно беше објавена листата на најбогатите Британци во модната индустрија според листата на The Sunday Times.
За нивниот успех, на големо, секако е заслужна самата модна индустрија и нивниот успех работејќи во рамки на истата. Сите оние кои што се најдоа на листата најбогати Британци, имаа богатство не помало од 85 милиони долари.
Најбогат на целиот континент е секако, Амансио Ортега, сопственикот на Индитекс групацијата, под чија надлежност е Зара, а според листата на The Sunday Times, на врвот се најде семејството Вестон, како сопственици на стоковната куќа Селфриџ и брендот Прајмарк.
Нивните примања, според листата, изнесуваат над 7.3 милијарди фунти. Веднаш зад нив, следи Сер Филип Грин (сопственикот на Топшоп) со богатство од 3.88 милијарди фунти.
Листата покажа и дека семејството Бекам, исто така има голем пораст во примањата, така што заедничкото богатство на сопружниците, надминува 210 милиони фунти.
Секако, според објаснувањата, а и според логиката, порастот се должи на одличната работа на модната куќа на Викторија и постојаните соработки на Дејвид со светските спортски брендови.