Ова се новите хит бои според „Пантон“

6 септември 2013

Сина, виолетова и портокалова се најзастапените бои во пролетните колекции според институтот „Пантон“. Иако модната недела во Њујорк е во тек, познатиот институт за бои веќе ја донесе пресудата за најпопуларните бои за пролет 2014 година. Листата на топли бои нуди рамнотежа и еднаква застапеност на јаките и пастелните нијанси. На листата за жени, првото место го има сината нијанса „Dazzling blue“, потоа следи суптилната виолетова или „ Violet tulip“, додека на третата позиција е нешто посилна виолетова или „ Radiant orchid“.

-Она што е интересно е дека на листата од бои можеме да видиме возбудливи и модерни тонови на бои како и оние неутралните. Во светот постои потреба за рамнотежа, која ја носат меките и неутрални бои, но притоа не зборуваме само за бежовите нијанси, изјавува извршната директорка на институтот, Леатрис Ајсман.

-Дизајнерите сакаат сите ние да се забавуваме со облеката и да уживаме во она што го носиме, но во тоа секако е потребна практичноста. Боите говорат за идејата на оптимизам во модата, но нејзиниот поголем дел се уште се однесува само на економскиот аспект, додава Ајсман.

Освен што се дефинираат хит пролетните бои за жени, „Пантон“ ја спои и листата на бои за мажи, каде предводат сините и сивите нијанси: „Placid blue“, „Paloma“ и „ Dazzling blue“

 

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Актуел