Ова се победничките креации на Тrash Fashion 2019!

10 јуни 2019

По повод 5 јуни светскиот ден за заштитата на животната средина по осми пат  Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО организираше Trash Fashion 2019, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука.

Прво место - „Лаура“ СОУ Богданци - Богданци

Годинава петчленото жири во состав: Петар Атанасов - заменик министер за образование и наука, Ружица Антиќ – главена уредничка на „Портрет“, Ирина Тошева – модна креаторка, Марио Додовски – моден критичар и Лука Ѓоргиевски – фронтмен на бендот Funk Shui, за победнички ги избра креациите „Лаура“ од СОУ Богданци – Богданци (I место), „Вилувчела“ од СОСУ Илинден – Скопје (II место) и 

"The Queen" од СОУ Ѓорче Петров - К.Паланка (III место).

Второ место - „Вилувчела“ СОСУ Илинден - Скопје

Трето место - "The Queen" СОУ Ѓорче Петров - Крива Паланка

Оваа година беше доделена и награда за тимот кој реупотребил најмногу отпад за изработка на својот модел – креацијата “Summer Mood” од СОУ Ванчо Прке – Виница.

Специјална награда - "Summer Mood" СОУ Ванчо Прке - Виница

Пред настанот учениците имаа можност да учествуваат на едукативна работилница, под водство на уметницата Христина Зафировска, а изработените дела беа изложени во холот на Младински културен центар за времетраењето на настанот.

Настанот беше проследен и од 20 Млади репортери за животната средина кои го снимаа, фотографии и известуваа за настанот. На следниот линк може да го најдете видеото изработено од ученикот Христијан Киров, од ССОУ ,,Димитрија Чуповски'' – Велес 

 

Целта на Trash Fashion 2019 е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

 „Сончевата девојка“ СОУ Ѓорче Петров - Прилеп

„Визиана и Романа“ СОУ Димитар Влахов - Скопје

"Crazy Teacher" СГГУГС Здравко Цветковски - Скопје

"TWIGGY" СОУ Таки Даскало - Битола

„Есен“ СУГС Шаип Јусуф - Скопје

„Алиса во земјата на ѓубрето“ СОУ Крсте Петков Мисирков - Демир Хисар

„Алиса во земјата на ѓубрето“ СОУ Крсте Петков Мисирков - Демир Хисар

"Black&White" СОУ 28.Ноември - Дебар

„Скриена убавина“ ОСУ Јовче Тесличков - Велес

„Историска географија“ СОУ Коста Сусинов - Радовиш

"Elsa" СОУ Димитар Мирасчиев - Штип

"Queen of Nature" СОУ Миле Јаневски Џингар - Македонска Каменица

„Чекор напред“ СОУ Јане Сандански - Струмица

„Тренди модел“ СУГС Георги Димитров - Скопје

„Кремове јаје“ СОУГ Мирче Ацев - Прилеп

„За Елиза“ СОУ Орде Чопела - Прилеп

"Love Present" ССОУ Киро Бурназ - Куманово

"Ladybug" СОУ Гоце Делчев - Валандово

"Spring Lady" СУГС Кочо Рацин - Скопје

„Девојката со цвеќињата“ СОУ Методија Митевски Брицо - Делчево "IT Style" ПСУ САБА - Скопје

„Хермиона“ СОУ Гимназија Гоце Делчев - Куманово

„Феникс“ СОУ Нико Нестор - Струга

„Пролетен венец“ ОСУ Мирко Милески - Кичево

"I Been On" СОУ Перо Наков - Куманово

"A Fanlike Dress" СОУ Ацо Русковски - Берово

"Insolita Donna" СОЕПТУ Кузман Јосифовски Питу - Прилеп

„Ден и ноќ“ СОУ Гимназија Добри Даскалов - Кавадарци

„Ѕвездена ноќ“ СЕОУ Гостивар - Гостивар

„Љубов во црно-бел свет“ СУГС Браќа Миладиновци - Скопје

„Љубов во црно-бел свет“ СУГС Браќа Миладиновци - Скопје

„Ледена Деметра“ СОУ Никола Карев - Струмица

„Виножито“ СУГС Никола Карев - Скопје

„Ледената кралица на Нарнија“ СОУ Јане Сандански - Штип

„Ледената кралица на Нарнија“ СОУ Јане Сандански - Штип

„Вилинска роза“ ССОУ Димитрија Чуповски - Велес

"Trash Spring" СУГС Марија Кири Склодовска - Скопје

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
236 пати