Ова се професиите на иднината во модната индустрија

18 ноември 2016

Модната индустрија нуди широк спектар на професии кои не се задолжително толку јавно експонирани како што се модните дизајнери или моделите.

Новинарката на магазинот Business of Fashion, Кати Читракорн, разговарала со неколку професионалци чии професии денеска во модната индустрија не се толку експонирани, но се очекува во следната деценија да станат едни од водечките.

Во суштина, како што наведува новинарката во својот заклучок, тоа се професиите на иднината кога е во прашање модата. Помеѓу нив се и: инженер за 3D принтање, психолози за консументите, професионалци за истражување и развивање на ткаенини, како и личен стилист.

Веќе и може да ги забележиме предзнаците зошто токму овие услуги ќе бидат навистина потребни во иднина. Со 3D принтањето на пример веќе се експериментира, а ваквиот тип на дизајнирање веќе е присутен во колекциите на неколку авангардни дизајнери како што е Ирис Ван Харпен. Со оглед на напливот на информации и новите технологии, сосема очекувано е дека ќе се јави и потребата од консултанти околу тоа што е битно и суштинско, а што не и како да ги распределиме приоритетите.

Личните стилисти пак како професија секако се актуелни и денес, особено кога се во прашање јавните личности, но со оглед на експанзијата на уличната мода, и пак ќе ги споменеме новите медиуми, ќе бидат секојдневие и во други општествени сфери.

 

Објавено:
18 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
739 пати