Оваа 93 годишна дама изгледа совршено на црвениот килим

20 ноември 2018

Таа е една од највпечатливите Афроамерикански актерки во Холивуд која никогаш не престанува да изненадува со стилот.

Фото: Getty Images

Сисели Тајсон и на 93 годишна возраст изгледа неверојатно, а дека секогаш одбира храбри и впечатливи парчиња, докажа и на црвениот килим на Governor Awards Tyson во Лос Анџелес каде се појави во шик креација.

Актерката изгледаше неверојатно во сребрен фустан и ракавици во малку посветла нијанса од американскиот дизајнер Б.Мајкл.

Фото: Kevin Winter/Getty Images

Целиот изглед на актерката беше надополнет со впечатлива шминка и боб фризура во слична боја како креацијата.

На церемонијата ѝ беше доделена наградата за животно достигнување, а таа е најпозната по нејзината номинација за Оскар за најдобра актерка во 1973 година, со што тогаш беше третата Афроамериканка во светот номинирана за престижната награда.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледа оваа прекрасна дама која зрачи со енергија и стил и на 93 години.

Објавено:
20 ноември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
345 пати