Моделот Ешли Грем неодамна објави дека со долгогодишниот партнер го очекуваат своето прво дете. Позната по тоа дека не се срами од вишокот килограми и недостатоците, поради што и стана омилена меѓу жените, вчера на социјалните мрежи објави фотографија која за неколку часа успеа да собере повеќе од милион лајкови.
View this post on Instagram
Се работи за фотографија на која се гледаат недостатоци на нејзиното тело - сало и стрии, а со објаснување : „Исто, ама сепак малку различно“, алудриајќи повторно на тоа дека е бремена и дека нејзиното тело допрва ќе трпи промени.
Инаку, на нејзиниот Инстаграм профил, досега повеќе пати можеле да се сретнат фотографии на кои се гледа целулитот, стриите, вишокот килограми, но ниту една фотографија се чини, не привлекла толку внимание како последната.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Вежбам.Се трудам најдобро што можам да јадам здраво. Ја сакам кожата во која што сум. И не се срамам од неколку нерамнини или целулит...а не треба ни вие.
Со секоја ваква објава, како што претходно ќе изјави, сака да им порача на сите жени да се чувствуваат удобно во својата кожа и дека тие недостатоци не се воопшто срамни.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram