Овој фустан е распродаден во рекордно време и тоа два пати!

16 ноември 2020

„& Other Stories“ е сестринскиот бренд на H&M, но тоа само му помогна да го зацврсти своето место на модната сцена. 

Секоја сезона, дизајнерските тимови кои работат на три адреси - во Стокхолм, Париз и Лос Анџелес, создаваат парчиња кои, како што досега се покажа, се омилени кај помладата популација и се вистинска палета на трендови.

Така, оваа сезона меѓу бројните модели се истакна и еден фустан кој беше распродаден во рекордно време и тоа дури два пати!

Се работи за фустан кој е спој на црна тиролка од кадифе во А-крој и бела блуза со карнери и висок околувратник, во винтиџ стил. Ракавите на кошулата се волуменозни, што ја прави креацијата уште повпечатлива, должината е мини, па совршено може да се носи и со високи и со чизми до глужд.

Откако се распродаде за само неколку часа на онлајн продавницата, од бредот за десетина дена ја вратија во продажба и повторно се случи истото. За нешто повеќе од два дена, овој фустан беше повторно распродадена.

За неа има листа на чекање, па останува на брендот дали и по трет пат ќе ја врати во продажба.

Би ја носеле ли?

 

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
965 пати
Извор: 
journal.hr