Овој Инстаграм профил вели да не ги бојадисуваме белите влакна

14 февруари 2019

Неодамна на Инстаграм се појави еден фантастичен профил кој за кратко време стана вистински хит, а уште поубава е пораката и трендот што истиот ги носи со себе.

Имено, на овој профил девојки и жени објавуваат фотографии со природна седа коса и праќаат единствена порака дека жените се убави во секоја доба, дури и без да се бојадисуваат.

Инстаграм профилот е опишан како „славење на природниот феномен наречен седа коса“, а истиот со себе повлече и тренд што девојките го опишаа како ултра модерен и многу од нив веќе почнаа да го практикуваат.

Она што е особено интересно е тоа што под објавата на секоја фотографија, жените ја пишуваат и својата приказна, односно како се чувствуваат со седа коса и објаснуваат дека тоа не е ништо од што некој треба да се срами.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 19, 2019 at 5:15pm PST

Во продолжение прочитајте дел од нивните приказни и доколку ви се допаднат, обидете се повеќе да не ја бојадисувате косата, туку оставете ја да изгледа поприродно од кога и да е, бидејќи белите влакна се ин!

„Се чувствувам посамоуверено од кога и да е откако решив повеќе да не ја бојадисувам косата. Многу зажалив што го правев тоа досега, како да го избришав мојот идентитет. Сè уште учам како да се справам со мојот нов изглед, но ми се допаѓа она шт ого гледам во огледалото“, напиша една девојка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 8, 2019 at 5:00am PST

„Тоа што ја оставив косата седа ми го промени животот. Сега изгледам сосема различно и поинаку гледам на животот. Ова ми даде моќ што не верував дека ја имам. Ова патување е неверојатно, ја обожавам мојата коса, се сакам себеси ваква“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 7, 2019 at 3:46pm PST

„Со мојата самодоверба и со коса полна бели влакна, почнав да добивам повеќе комплименти од било кога. Тоа што ја оставив косата да биде природна, без бојадисување, е најдобрата и најгламурозна одлука што сум ја донела во животот“, вели Вики.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 7, 2019 at 3:46am PST

„Ова е мојата коса. Беше тешко да ја прифатам на 13, но на 23 ја обожавам“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 5, 2019 at 11:51am PST

„Ја бојадисував мојата коса 10 години со разни препарати. Пред две години, решив повеќе да не го правам тоа. Моите седи влакна се дел од мојот идентитет“, вели оваа 22 годишна девојка чии бели влакна почнале да се појавуваат кога имала само шест години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Going grey with (grohm)(bray) (@grombre) onJan 4, 2019 at 5:09am PST

 Инфо: twentytwowords.com

Фото: Instagram/Grombre

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
569 пати