Памела на 49 години изгледа одлично

26 април 2017

Во деведесетитте години на минатиот век, Памела Андерсон беше сон на секој маж. Времето за неа не застанува и тоа не е само фраза.

Она што прво ни паѓа на памет е серијата „Чувари на плажа“ со која доживеа светска слава. Секс симболот од овој период може слободно да држи лекции на помладите колешки.

Деновиве се појави кампања за долна облека на брендот Coco de Mer's во чие дизајнирање и таа зема учество.

Има 49 години, вели дека никогаш во животот не вежбала, но пешачи многу по калифорниските плажи, учи француски и смета дека тоа што е веган ја одржува во живот.

Одамна не се шминка нападно, што може да забележите на оваа фотосесија и изгледа одлично.

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
433 пати