Пантон ја објави бојата на годината за 2017

9 декември 2016

Институтот Пантон ја објави бојата на годината за 2017 година, која претставува вистинско отстапување од нежните нијанси како што се сина и розова што доминираа во 2016 година.

Имено бојата во која ќе ја обоиме идната година е нијанса на зелена насловена „Greenery" која институтот ја опишува како освежувачка нијанса, полна со живот и емоции.

Зелената носи емоција што е симбол за раст, хармонија, свежина, поврзување со природата, боја која делува смирувачки.

„Greenery" (Пантон 15-0343) одлично се имплементира и во ентериерот макар само со еден детаљ, а веќе сме сведоци и на нејзиното присуство во модната индустрија.

 

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
393 пати