Парис Хилтон се вери на својот 40-ти роденден

18 февруари 2021

На прославата по повод нејзиниот 40-ти роденден,  на 13-ти февруари, инфлуенсерката Парис Хилтон се сврши со своето момче Картер Роум.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Двојката е заедно околу една година, а Картер ја искористи пригодата, на прославата на приватен остров да ја запроси својата сакана. Тоа го стори со прстен дизајниран од страна на Жан Дусет, правнукот на Луј Картие.

Парис изгледаше прекрасно во фустан од Ретрофет и круна од брендот Лоши, додека Роум носеше бел костум.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Среќната идна невеста изјави дека е многу возбудена за новото поглавје во животот и објави фотографии на својата веб страна.

Објавено:
18 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
786 пати
Тагови: 
Парис Хилтон