Приската опера одлучи да ги почести љубителите на операта и балетот, овозможувајќи во овој период на изолација да ги следат некои од најубавите дела од своите домови.
Па ако ова ви изгледа привлечно, можете да се закачите на официјалниот сајт на институцијата и да ги следите десетина претстави, меѓу кои:
Од 23 до 29 март - Дон Џовани
Од 30 март до 05 април - Лебедово езер
Од 06 до 12 април - Севилскиот бербер
Од 27 април до 03 мај - Кармен
Воедно, од француското издание на магазинот „Вог“ изјавија дека мартовскиот број на списанието ќе биде достапно и бесплатно.
Дгиталната верзија на изданието за март е без претплата и за сите во светот, а може да се преземе во ПДФ на линкот - Мартовски број на француски „Вог".
Од друга страна пак, групацијата „Конде Наст" одлучи италијанското издание на „Вог" во следните три месеци да биде достапно во дигитална варијанта и секако бесплатно.
Освен „Вог", издавачката куќа ги нуди и изданијата на магазините „GQ", „Wired", „AD", „La Cucina Italiana" и „Traveler".
За овие изданија е потребно да ја симнете апликацијата Vogue Italiа достапна на App Store и на Google Play, да кликнете Free Pass и да регистрирате свој профил, а лозинката е:VOGUE4YOU.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Овој пример го следеше италијанското издание на „Венити Фер". Освен што во Италија може да се земе бесплатно од трафиките, може да се чита и дигитално, за што исто така е потребна апликација именувана како списанието. Постапката е иста како и за „Вог“, со што лозинката е сменета во VF4YOU.
View this post on Instagram
Па, доколку досега сте немале шанса да разгледате некое од овие престижни магазини, искористете ја оваа можност.