Париз се подготвува за најголемиот моден спектакл: недела на Висока Мода 2014/15

4 јули 2014

Еуфоријата на француската ривиера која сè уште ги собира впечатоците од неодамнешната модна недела за мажи на која беа презентирани трендовите за пролет-лето 2014/15, допрва ќе пулсира во вистински луксузен моден ритам. Најромантичниот и најсветлиот град во светот Париз од шести јули до десетти истиот месец ќе биде дом на голем број познати и еминентни имиња од светскиот шоу бизнис, модата, музичката, филмската сцена и претставници од високото општество, бидејќи започнува модната недела за висока мода 2014/15.

Честа прва да ги разбранува модните вибрации на гламурот ќе ја има модната куќа Версаче. Во наредните денови модниот барометар енергично ќе ескалира со презентација на луксузните модели од страна на модните куќи Џамбатиста Вали, Џорџо Армани Приве, Скјапарели, Кристијан Диор, Ели Саб, Валентино, Жан Пол Готје и многу други. Задоволството да го заокружи и онака ѕвезденото шоу кое започнува во недела ќе го има модниот крал Зухаир Мурад.

Еве го распоредот и настапите на модните дизајнери според програмската шема:

6- ти јули:

19.30 – Ателје Версаче

7-ми јули:

10.00 – Скјапарели

12.30 - On Aura Tout Vu

14.30 – Кристијан Диор

19.30 – Џамбатиста Вали

20.30 – Алексис Мабил

8-ми јули:

10.00 – Шанел

13.30 – Букра Јарар

14.30 - Стефан Роланд

17.30 - Џорџо Армани Приве

19.00 – Александар Вотиер

9-ти јули:

10.00 – Мезон Мартин Марџела

12.30 – Ели Саб

16.30 – Вионет

14.30 – Жан Пол Готје

18.00 – Валентино

20.00 Виктор и Ролф

10-ти јули:

12.00 – Зухаир Мурад

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Актуел