Поранешниот фото-уредник на Жан Пол Готје, како и стилист и новинар, Натали Крокет, го привлече вниманието на јавноста со нов проект. Се работи за нов поглед на дел од најпознатите кампањи за мода и убавина. На пример, Натали ја заменува Еди Кемпбел во кампањата за Ланван, или Жезел Бундшен во кампања за Соња Рикел со модели од различни возрасти и облици на тело и лице.
На тој начин прави пародија на овој сегмент од модниот свет, каде се внимава на секоја сенка, светло, поглед... Но, таа ја прикажува и другата страна на гламурот. Се поставува прашањето, дали кампањите со обични жени би ни биле толку привлечни? Или пак, ако се тргне фотошопот на страна, ќе ни бидат ли познатите ѕвезди исто гламурозни?
А, пародија-моделите се всушност самата Крокет, ставена во различен контекст.
Одлична замисла. Погледнете го резултатот.