Парот што заработува до 9000 долари од пост на Инстаграм

3 мај 2017

Џек е блогер и вљубеник во патувањата кој пред пет години даде отказ на работното место, ги спакува куферите и ѝ се препушти на авантурата на патувањата ширум светот, при тоа документирајќи сè на својот блог. Пред една година ја запозна својата девојка Лорен и од тогаш заедно живеат на Бали, а секој месец парот запознава нови интересни дестинации низ Европа и Азија на своите авантуристички патувања.

Нивниот блог е посветен токму на патувањата и има преку 3 милиони следбеници на Инсаграм каде може да ги најдете како @doyoutravel.

Овој пар за магазинот Космополитен изјави дека во никој случај не би објавиле спонзориран пост под 3000 долари, а во зависност од содржината на рекламата, цената може да достигне и до 9000 долари за еден пост.

Исто така откриваат дека за нивните фотографии не користат филтри, а идните блогери ги советуваат без многу размислување да и се посветат на авантурата и возбудувањето што ги носат патувањата низ светот.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.707 пати