Патиките на Мајкл Џордан најскапо продадени на светот

21 мај 2020

Моделот Nike Air Jordan 1 од 1985 година станаа најскапи патики во светот. Тие се продадени на аукцијата „Sotheby“ за неверојатни 560.000 долари. Почетната цена на обувките кои претходно биле во сопственост на легендарниот спортист, изнесувала 100.000 долари.

Инаку, Џордан ги носел овие патики додека играл за тимот на „Чикаго Булс“. На патиките стои и автограм на кошаркарот.

Претходниот сопственик на овие патики бил Џордан Гелер, основач на музејот „Shoezeum Sneakers“. Сегашниот сопственик сакал да остане анонимен, но со издвојувањето на 560.000 долари го сруши рекордот после 48 години кој го држеше моделот Nike Waffle Racing Flat Moon Shoe, кој во 1972 година бил продаден за 437.000 долари.

На аукцијата одржана неодамна, учествувале луѓе од шест земји на шест континенти. Инаку,  за предметите на Мајкл Џордан секогаш постоел интерес, бидејќи е една од светските спортски легенди. Периодов е повторно во фокусот на јавноста поради документарниот серијал „The Last Dance“.

 

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
420 пати