Патувачки поп-концепт на „Фенди“

30 јуни 2016

Луксузниот бренд ги израдува обожавателите со лансирање на нов патувачки поп-ап концепт, посветен на северно-американскиот пазар.

„Фенди“ возилото, кое ќе биде верзија на италијанското камионче со три тркала, ќе го започне своето патување овој викенд, поточно на Денот на независноста во САД. Преку овој поп-ап концепт ќе бидат презентирани чанти, крзнени модни додатоци и новата „Dotcom“ чанта од брендот.

Камиончето на „Фенди“ ќе посети неколку дестинации, меѓу кои и Торонто за време на Интернационалниот филмски фестивал во септември, потоа Лас Вегас во октомври, како и Мајами во текот на декември месец.

Објавено:
30 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
102 пати