Пејачката Леонора Пољоска во уникатни креации на Елена Лука за новото видео

31 мај 2014

Шармантната пејачка Леонора Пољоска позната во Албанија и Косово, го промовираше новиот спот за песната насловена  „За нас“ со познатиот албански рапер B – Boy кој подолго време работи и живее во Швајцарија.

Во одличниот спот снимен на неколку локации во Гнилане, Македонија и еден дел во Албанија, Леонора носи три различни, но подеднакво прекрасни креации што за неа ги подготви  тимот  на реномираната македонска модна  куќа Елена Лука.

Во првиот дел од видеото, Леонора носи тренди фустан направен од висококвалитетна свила во прекрасен летен виолетов принт во комбинација со златна боја. Веднаш потоа, Леонора е нежна и романтична во крем – розе варијанта на летна, долга тоалета со раскошна шминка и фризура.

Спот завршува со сцена во која пејачката е во секси и тренди варијанта составена од црн корсет изработен од тафт со стаклени црни и темно кафени камења,  комбиниран  со шик кратки  панталони со висок струк.

-Во видео записот има многу елементи, многу луѓе, девојки, многу забава пред сѐ. Мислам дека е многу интересен и забавен за гледање. Во однос на соработката со Елена Лука, морам да кажам дека ја познавав модната куќа од претходно и имав добри препораки за нив, па токму поради тоа и се одлучив за одличната соработка. Јас всушност секогаш сакам да се трансформирам  и од аспект на музиката и од аспект на облекувањето“, вели Леонора за Fashionel.

На албанската сцена Леонора е од нејзината петта година. Веќе од 13, таа почнува професионално да се занимава со музика и да учествува на многу фестивали низ Косово и Албанија.

-Досега имам повеќе од 500 настапи низ цела Европа и по една мала кратка пауза, повторно се враќам на сцената. По оваа песна се подготвувам за еден многу познат фестивал во Албанија во октомври на кој повторно планирам и би сакала да носам модел од модната куќа Елена Лука со што всушност сакам да кажам и дека се надевам дека нашата соработка ќе продолжи , додава  Леонора.

Ова не е прва соработка на познатата пејачка и Елена Лука. На почетокот на месецов, Леонора за прв пат се појави во креација со истиот потпис на раскошниот пролетен бал во Приштина „Ballo Pranverore“, организиран од првата дама на телевизија „21 TV“, на кој се појавија многу значајни личности од тамошниот јавен живот.

Во продолжение, погледнете го новиот видео запис на Леонора и B - Boy и уживајте во овој вистински летен хит.

&feature=youtu.be

Објавено:
31 мај 2014
Категорија: 
Актуел