People одлучи: Бекам е најсекси маж!

18 ноември 2015

Американскиот магазин People го прогласи Британецот Дејвид Бекам за најсекси маж за 2015 година, а јавноста тоа го дозна преку емисијата на Џими Кимел.

Публиката во шоуто требаше да погоди за кого станува збор и која позната личност ја доби оваа награда, по што се појави и Бекам кој е на насловната страна на најновото издание на познатото списание.

Инаку, Бекам повеќе пати досега бил прогласува за најсекси маж, но првпат од People магазинот.

-Навистина ми е голема чест и среќен сум што ми ја доделивте оваа награда. Никогаш не се чувствував како привлечна, секси личност. Мислам, сакам да носам убава облека и убави одела, да се чувствувам добро во нив, но никогаш не размислував за себе на ваков начин – изјави Бекам, по малку изненаден од признанието.

Инаку, People  ја доделува оваа награда од 1985 година. Мел Гибсон ја имаше честа да ја прими првата, а низ годините за најсекси мажи беа прогласувани и Харисон Форд, Том Круз, Бредли Купер, Мет Дејмон. Џорџ Клуни, Бред Пит, Џони Деп, Ричард Гир се мажите што ја добија оваа награда дури два пати.

-Се надевам дека Викторија сè уште размислува за мене на овој начин – додава Дејвид.

Во видео-повикот со Џими Кимел, Бекам се пошегува дека ова е најдобриот момент во неговата кариера.

-Им се заблагодарувам на родителите што ме родија, мојот фризер, стилист и Фотошоп – изјави Дејвид.

Целиот разговор погледнете го во видеото во продолжение:

Објавено:
18 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
627 пати