People: Рајан Рејнолдс е најсекси татко!

10 февруари 2016

Американскиот магазин People одлучи дека Рајан Рејнолдс е најсекси татко на светот! Токму по тој повод, актерот ја краси насловната страна на новото издание на магазинот.

Во декември 2014 година Рајан и неговата сопруга, актерката Блејк Лајвли ја добија ќерката Џејмс.

За новата „титула“ Рејнолдс дозна во вчерашната емисија на Џими Фелон, каде и зборуваше за неговите искуства како татко.

-Родителството е навистина тешко. Ми се случуваше и по месец дена секоја ноќ да бидам буден. Толку бев ненаспан, што некогаш се прашував како стигнав на работа. Јавајќи еднорог можеби – се пошегува актерот.

Ќерката Џејмс има нешто повеќе од година, а грижата за неа секогаш е примарна.

-Сè уште се будам во сред ноќ и проверувам дали со Џејмс е сè во ред. Ѝ ги ставам прстите под нос за да проверам дали дише – открива Рејнолдс.

Инаку, People секоја година го вршат овој избор. Минатата година оваа титула му припадна на Џастин Тимберлејк, кој со актерката Џесика Бил го има синот Силас.

Џастин, Џесика и Силас

Објавено:
10 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.679 пати