Петте најпопуларни модни брендови на Фејсбук

26 јули 2013

Маркетинг агенцијата Dachis Group реши да направи мало истражување со цел да види кои модни брендови се најдобро рангирани на социјалната мрежа Фејсбук, односно кои од нив имаат најголем број фанови.  Анализата се вршела според неколку сегменти:  раст на публика, прегледност на постови и прегледност на страната. Во истражувањето биле вклучени 60 брендови кои се занимаваат со производство и продажба на облека и модни додатоци.

Според спроведената анализа, најпопуларни пет модни брендови на социјалната мрежа Фејсбук се:

1. Victoria’s Sevret со 22. 677.585 фанови

2.  Burberry сo 15. 659. 300 фанови

3. H&M со 15. 165. 286 фанови

4. Louis Vuitton со 14. 436. 722 фанови

5. FOREVER 21 со 8. 337, 168 фанови

Останатите брендови кои се најдоа во топ 15 листата се: GAP, Dolce&Gabbana, Vans, Michael Kors, Ralph Lauren, Roberto Cavalli, Coach, Old Navy, Gucci и Dior.

Објавено:
26 јули 2013
Категорија: 
Актуел