Пинк напишала нов тестамент борејќи се со коронавирусот: „Мислев дека е готово!“

4 мај 2021

Ѕвездата зад хитот Just Give Me A Reason, Пинк, сметала дека борбата со коронавирусот е доволна причина за одново да го напише својот тестамент.

Пејачката и нејзиниот 4 годишен син, минатата година пројавија симптоми на коронавирусот по што им следуваше сериозна борба со респираторниот вирус.

Во едно интервју за Heart Radio, Пинк сега изјави дека била многу исплашена за своето здравје и здравјето на нејзиниот син.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mark Wright (@wrighty_)

„Беше навистина многу лошо! Одново го напишав својот тестамент. Мислев дека е толку за нас, за мене и за мојот син. Се јавив кај најдобрата пријателка и ја замолив да се грижи за мојата ќерка и да и' каже колку многу ја сакам. Беше навистина страшно и многу лошо," изјави пејачката.

41-годишната пејачка, како некој кој се борел со корнавирусот, половина милион долари на болница во Филаделфија и уште половина милион долари до фондот на центарот за управување со кризи на Лос Анџелес, во борвата против Ковид-19.

Објавено:
4 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
479 пати