Пинк позитивна на коронавирусот...

4 април 2020

Меѓу познатите кои покажаа позитивни резултати на тестовите за коронавирусот беше и популарната американска пејачка Пинк.

Но, во соопштение до јавноста вчера таа објасни дека кај неа присуството на вирусот било евидентирано пред две недели, но по поминатиот период на третман, пред неколку дена повторно направила тестови по што се покажало дека таа целосно се опоравила и веќе е негативна.

Симптомите се појавиле кај неа и кај нејзиниот тригодишен син Џејмисон, по што веднаш направиле тестови и кај неа се покажал позитивен.

Но, дисциплинирано следејќи ги инструкциите на докторите, за среќа Пинк брзо го пребродила вирусот и веќе е негативна на истиот.

Таа упати апел до јавноста за сериозноста и реалноста на ситуацијата.

„Луѓето треба да знаат дека од овој вирус никој не е поштеден, независно дали си млад или стар, здрав или болен, богат или сромав и мора тестовите да бидат бесплатни и што побрзо да бидат широко достапни за да може да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и целото наше општество".

Откако ја објави веста, Пинк соопшти и дека ќе донира еден милион долари за својата земја во борбата против пандемијата.

Објавено:
4 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.439 пати