„Пипл“ ја прогласи Џенифер Гарнер за најубава жена на годината

24 април 2019

Магазинот „Пипл“ го објави посебното годишно издание насловено како „The Beautiful Issue“, а насловната страна ја краси 47-годишната Џенифер Гарнер.

Со ова, списанието ја прогласи актерката за најубава жена на годината.

Во интервјуто по овој повод таа зборува токму за убавината, кариерата, но и мајчинството.

Освен успешната актерска кариера, Гарнер е и мајка на три деца (од бракот со Бен Афлек), но и коосновач на компанија за бебешка храна и амбасадор на организацијата „Спасете ги децата".

„Сега сум до онаа точка во животот кога сфаќам дека оваа работа нема да трае засекогаш. Секој поминат ден, момент, се' она што било до сега во еден момент ќе се смени. Но, постои убавина и во тоа  како работите функционираат во епизоди“, вели актерката.

Исто така, признава дека луѓето имаат различна перцепција за неа на и надвор од екраните.

„Ми кажуваат дека сум поубава „во живо“ отколку на платното. Секојдневно сум излезена за различни работи, преферирам природен изглед секогаш кога можам и на тој начин сакаат да ми дадат комплимент. . Не знам зошто е тоа така, но досега тоа се коментирате што најчесто ги слушам“, открива Џенифер.

А нејзиниот природен изглед го преферираат и децата.

„Кога и да се вратам дома од некое снимање или од некој настан, децата знаат да ми кажат: „Можеш ли да ја измиеш шминката, да ја фатиш косата во опавче и да ги ставиш очилата?“, а на тоа гледам како голем комплимент. Тие едноставно сакаат да изгледам како мама“, вели Гарнер.

Додава дека никогаш не ја интересира што има за неа во медиумите, ниту пак каква фотографија стои до вестите.

„Не само што не ги читам коментарите, туку навистина многу се трудам да не ги гледам ниту фотографиите, да не читам текстови или да знам што било за тоа што се случува надвор. Не е тоа дека не се грижам, тоа е затоа што се грижам премногу. Инстаграмот пак е поинаква приказна, затоа што не дожвивувам голем дел од човечката злоба“.

За тоа што ѝ значи признанието од „Пипл“ ќе каже:

„Изненадена сум. Никогаш не се доживував како атрактивна девојка. Сепак, во исто време, секогаш бев задоволна со себеси, што го сметам за добар трик“, посочува актерката.

Објавено:
24 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
742 пати