„Пирели“ го најавија новиот календар. Во светските медиуми веќе се појавија првите работни фотографии, со кои воедно се откри и кој ќе го работи новиот календар, како и кои се главните ѕвезди.
Главната тема за 2020 ќе биде „Ромео и Јулија“, а автор е фотографот Паоло Роверси.
Тој дава негово, ново толкување на познатата драма на Шекспир, а за интерпретацијата на истото се ангажирани осум познати дами, за кои смета дека се „Јулии на новото време“.
Актерките Клер Фој, Кристен Стјуарт, Ема Вотсон, Индија Мур, пејачката Росалија, кинеската поп ѕвезда Крис Ли, како и актерките Миа Гот и Јара Шахиди се лицата кои ќе ги гледаме на „Пирели 2020“.
„Сè уште ја барам својата Јулија и ќе ја барам целиот живот. Затоа што, Јулија е сон“, вели Роверси за новата „Пирели“ приказна.
Во продолжение погледнете ги работните фотографии, а ние со нетрпение очекуваме да го видиме календарот, кој повторно ја слави женската убавина на еден сосема нов начин.
Клер Фој
Миа Гот
Крис Ли
Индија Мур
Росалија
Стела Роверси
Јара Шахиди
Ема Вотсон
Кристен Стјуарт
Росалија