Писателката Ксенија Николова изгледа фантастично во префинетите дизајни на Елена Лука

18 јуни 2019

Соработката помеѓу младата, но исклучително талентирана писателка Ксенија Николова и реномираниот моден бренд Елена Лука, со текот на годините премина во вистинско пријателство.

Елегантниот личен стил на Ксенија и естетиката доведена до перфекција на Елена Лука, се спој што ги заслужува сите суперлативи.

Елена Лука многу често се потпишува зад стајлинзите на Ксенија за нејзините јавни појавување, но исто толку често може да ја видиме писателката и приватно, стилизирана во уникатните парчиња на брендот.

Оваа сезона Ксенија одбра неколку фантастични комбинации од новата пролетна линија на Елена Лука (што може да ги најдете и на онлајн продавницата на брендот), меѓу кои и комплетот од сако и кратки панталони со рачно изработени детали, во нежно сина боја, како и авангарната бела кошула со предимензионирана панделка околу вратот, која е MUST HAVE за овој период.

Во галеријата подолу направивме ретроспектива на неколку различни, а секогаш впечатливи комбинации со потписот на Елена Лука, што одлично ѝ прилегаат на Ксенија.

Инаку неодамна, таа ја промовираше својата петта по ред книга „Сите мажи ја сакаат Лиа", психолошка драма која наиде на голем интерес кај публиката.

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.193 пати