Питер Пилото во соработка со Таргет

14 јануари 2014

PeterPilottoForTarget-00

Креациите на Питер Пилото ќе бидат достапни во продавниците на Таргет. Лукбукот излезе а првите реакции на колекцијата на Пилото се одлични. Принтовите и свежите дизајни веднаш привлекуваат внимание, а дизајнерот всушност на овој начин ќе го најави и неговото пролетно шоу. Освен на Таргет, моделите ќе бидат достапни и на Нет-а-портер, и тоа од 9-ти февруари.

-Работењето со Таргет ни овозможи да го прикажеме нашиот дизајн на една сосема нова публика“, вели Пилото кој има голем број фанови меѓу познатите и славни личности. Неговиот ко-дизајнер, Кристофер Де Вос додава: „Овој момент е од големо значење за нас. Нашата колекција за Таргет ќе ја нагласи елеганцијата и духот што нашата линија сака да го пренесе на секого“.

Колекцијата вклучува 70 парчиња, чија цена ќе се движи од 15 до 80 американски долари (за облека), односно од 17 до 40 долари (за аксесоари) и ќе содржи чевли, крпи за плажа, бикини, фустани...

Погледнете.

PeterPilottoForTarget-01PeterPilottoForTarget-02PeterPilottoForTarget-03PeterPilottoForTarget-04PeterPilottoForTarget-05Peter-Pilotto-Target (1)Peter-Pilotto-Target (3)Peter-Pilotto-Target
pp_lead

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Актуел