Дизајнерот Пјер Карден неодамна со ревија прослави 70-години работа во модната индустрија. Неговата куќа е основана во 1950-та година, а последното шоу го посвети на шик модата за секоја возраст, но и информацијата дека го продава бизнисот.

-Секако дека е за продажба, па ги знаете моите години – изјави 94-годишниот Карден во Францускиот Институт, како дел од  француската Академија.

Ова не е прв пат тој да изјави дека ја продава модната куќа. Во една пригода изјави дека најмалку една милијарда би сакал за својата империја.

За потсетување, во 1960-тите тој беше пионер во лицентирањето, во раните 1990-ти успеа да собере прекѕ 840 зделки и во 1992 да има заработка од 125 милиони .

Дизајнерот истакна дека неговиот бизнис расте, а продажбата ширум светот достигнува и до две милијарди долари. Последното шоу вели, за него е голема чест, односно за кариерата и е презентација на „живи скулптури“, со комбинација на нови дизајни и дизајни што ја одбележале куќата.

-Јас сум првиот дизајнер што презентирал ревија пред академијата во нејзиното 300-годишно постоење. Ниту во моите најлуди соништа не очекував ваква почит. Модата е исто така социјална, културна, морална категорија, со нејзини сопствени философии и психологии – објаснува Карден. 

Како ќе оди продажбата на брендот останува да се види, но гледајќи ја ретроспективата и новитетите од модната куќа, инвоативноста и чувството за бизнис со кои карден се искачи на врвот, не е ни за изненадување цената, ниту пак пребирливоста на дизајнерот.

Објавено:
5 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
434 пати