Плус-сајз верзија на најпопуларните модни кампањи

3 ноември 2016

Во последно време, границите во модната индустрија се менуваат, па сè повеќе читаме и гледаме модели со облини како противтежа на слабите што доминираат на модната сцена со години.

Но, сајтот BuzzFeed се потруди уште повеќе да ја актуализира оваа тема, создавајќи фотографии и видео со дел од најпопуларните модни кампањи но со плус-сајз модели.

Нивната цел не е само да се посочи на потребата за различност во модната индустрија, туку и нагласувањето дека жените во сите големини и облици се убави.

-Прикажувањето на нештата е многу важно, затоа што секоја личност има право да се чувствува убаво без некој глупав интернет доктор да дава некои „совети“. Секое тело е посебно, а најважно од сè е како се чувствуваш во него  – вели Шеридан, еден од моделите во кампањата, говорејќи од лично искуство.

Резултатот погледнете го во продолжение:

 

Оригиналната реклама: Томи Хилфигер за есен 2016 со Џиџи Хадид

Плус-сајз модел: Кристин

-Кога ја видов рекламата си помислив, кој излегува само по палто, какви се овие глупости. Но, си реков дека ќе го направам ова, нема причина зошто еден плус-сајз модел не би можел да го изведе ова. Кога излегоа фотографиите, бев шокирана колку изгледаа добро. Постојано прашував дали се фотошорани, иако ми повторуваа дека е моето тело. Претходно добивав многу коментари дека со ова мое тело не можам да направам убави модни работи, па се чувствував како да сум некоја грешка. Но, со ова треба да сфатите колку има разлика кога имате добра шминка, фризура, осветлување, фотограф и секако одлична облека.

 

Оригиналната реклама: Agent Provocateur, за есен 2016 со Ејби Ли Кершо

Плус-сајз модел: Келис Роуз

-Како плус-сајз жена, долната облека навистина ме плаши. Секогаш сум имала проблем да најдам долна облека што ќе ми одговара, но истовремено да се чувствувам сексли. Како што растев, кога ќе видев ваков тип реклама, во нив секогаш беа модели со кои не можам да се идентификувам бидејќи имам големи колкови, гради ДД. Пресреќна сум сега, бидејќи верувале или не, си ги сакам моите облини и време е да му се покаже на светот дека и облините можат да бидат сексли. Нема да лажам, кога ја видов оригиналната реклама, си помислив дека нема да можам да го изведам тоа. Нема шанси нешто да се сокрие на фотографијата. Ова е буквално долна облека, корсет и гаќички и јас. Си помислив, ќе се добие сировата форма на Келис Роуз. Но, кога го почнавме сетот, се почувствував секси и моќно. Сфатив дека тоа што немам тело како моделот на фотографијата, не значи дека ќе бидам помалку жешка.

 

Оригинална реклама: Кејт Спејд, пролет 2016 со Џордан Дан

Плус-сајз модел: Деника

-Додека растев никогаш не се видов себеси како модел, затоа што секогаш мислев за да бидеш прифатен, или да мислат дека си убав, треба да си со мала големина, или мала тежина. Немав многу самодоверба ниту како дете. Се шегуваа на сметка на мојата тежина. Дури и во кругот на семејството. Добивав коментари како: „О, ти си дебела сега“ или „Јади повеќе, храната ќе оди во половината“. Сега, кога се видов себеси во оваа нова верзија на рекламите, се шокирав како изгледам на фотографиите. Навикната сум постојано да бидам зад сцената, да трчам наоколу и да правам другите да изгледаат добро. Ова дефинитивно направи да излезам од комфорната зона и ми дадае многу самодоверба. Исто така, сфатив дека не треба да се грижам што мислат другите, дека треба да бидеме способни да правиме тоа што мислиме дека е убаво, но прво да се сакаме себеси.

 

Оригинална реклама: Келвин Клајн за пролет 2016, со Кендал Џенер

Плус-сајз модел: Киша

-Дечки, извинете, но јас не сум Кендал Џенер, ниту го имам нејзиното тело. Не знам дали е очигледно или не, но да се биде модел е тешко. Ова може да изгледа многу искрено или неверојатно, но јас се трудев навистина силно. Телата не се природно направени за позирање. На крајот, среќна сум што позирав на чаршафи, со откриено рамо, за да го прикажам оригиналниот изглед, иако моите гради ме задушуваа. Искрено, не можам да верувам дека се фотографирав полугола, преправајќи се дека сум Џенер. Што си замислувам? Но, сепак ова е убаво искуство и сите жени се убави и бескрано инспиративни и талентирани.

 

Оригинална реклама: Барбери за пролет 2016, со Меј и Рут Бел

Плус-сајз модели: Шеридан и Џезмин

-Шеридан: Веднаш ќе кажам, јас сум голем фан на моето тело. Ова можеби е така бидејќи го имам сидромот на најмалото дете во фамилија. Сепак, сè уште беше предизвикувачки и застрашувачки да се соблечам топлес во соба полна луѓе, плус сите ќе ја видат мојата десна града на интернет. Ми требаше малку време да се ослободам од малтретирањето што го имав во адолесценцијата од страна на другите, и кога го направив тоа, почувствував еуфорија. Потоа почувствував малку болка, поради незгодната поза. Близначките Бел се прекрасни, но не значи дека Џез и јас не сме исто така убави.

Џезмин: Искрено, отсекогаш сакав да направам некоја топлес фото-сесија, а кога излезе оваа шанса, бев многу нервозна. Сакав да останам смирена и секси, во исто време мислев дали брадавиците ми се на место. Не можам да поверувам колку е силно ова што го направивме! Ние сме африканско-американска верзија на оваа реклама. Мислам дека „Барбери“ треба да се гордеат со ова! После ова искуство сфатив дека веројатно ќе бев најнапорниот модел, затоа што оваа работа е тешко. Мора да останеш во иста позиција, да се фокусираш на лицето и телото и сето тоа одеднаш. 

Објавено:
3 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.088 пати