Plus – size девојките против Викторија Сикрет: Ние не сме ангели!

7 април 2015

Американскиот plus – size бренд Лејн Брајант на остар начин се спротивстави на неодамнешната кампања на Викторија Сикрет за совршеното тело, прикажувајќи ја пролетната колекција преку прекрасни жени со, според нив, совршени тела.

Кампањата ја нарекоа „Јас не сум Ангел“, а истата предизвика бура од позитивни реакции кратко време откако беше објавена. Главното мото на кампањата е дека сите жени се убави, без разлика на ставовите на општеството поврзани со убавината.

За кампањата беше снимена и одлична фотосесија што ја направи Кес Бирд, а во истата можеме да видиме некои од најпознатите plus – size модели на денешницата, меѓу кои и Ешли Грахам, Маркита Принг, Кендис Хафин, Викторија Ли и уште неколку други.

Прекрасните девојки во црно – белата фотосесија позираат во новите парчиња долна облека на брендот, дел од нивната пролетна колекција.

„Нашата кампања е направена за да ги охрабри сите жени да се сакаат онакви какви што се. Ние веруваме дека сите жени се секси и сакаме да ги охрабриме тоа и да го покажат“, изјави сопственичката на брендот Линда Хејсли.

Неодамна, брендот Викторија Сикрет имаше слична кампања со многу послаби модели кои во долна облека порачаа дека нивните тела се совршени, но по низата реакции дека не смеат да пропагираат дека слабите девојки имаат всушност совршени тела, брендот го промени мотото на кампањата во „A Body For Everybody“.

Објавено:
7 април 2015
Категорија: 
Актуел