По девет години брак, Ешли Греам го очекува првото дете со сопругот

15 август 2019

Популарниот plus size модел Ешли Греам со слатко видео заедно со нејзиниот сопруг Џастин Ирвин објави дека го очекува првото дете.

„Пред девет години, се омажив со љубовта на мојот живот. Изминатите години беа најдоброто патување во мојот живот со омилената личност. Денеска сме толку благословени, благодарни и возбудени што славиме за нашето растечко семејство. Среќна годишнина Џастин, нашиот живот ќе стане уште подобар“, напиша манекенката под објавата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ashleygraham) onAug 14, 2019 at 6:29am PDT

Нејзиниот сопруг веднаш потоа објави серија фотографии со кои уште еднаш ја потврди бременоста на неговата сакана, а истите наидоа на воодушевување кај нивните обожаватели.

„За мојата вечна љубов и секојдневна инспирација. Среќна годишнина Ешли. Овие девет години беа прекрасни, најверојатно затоа што мојот живот започна кога ти влезе во него. Сега заедно направивме нов живот. Те сакам и не сакам нас. Сите нас“, напиша тој на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Justin Ervin (@mrjustinervin) onAug 14, 2019 at 6:33am PDT

Идните родители се запознаа на миса во црква, а се венчаа во 2010 – тата година, а веќе подолго време говореа за тоа дека сакаат да го прошират семејството.

Веста за бременоста на манекенката со прекрасни пораки ѝ ја честитаа нејзините познати пријателки меѓу кои и Елен Деџенерис, Лили Олдриџ, Емили Ратајковски, Рита Ора, Шанел Иман и многу други.

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
535 пати