По долго боледување почина модниот дизајнер Зоран Гаревски

9 јуни 2014

Во текот на студиите на Факултетот за природни науки, Зоран Гаревки работел на различни места, па запознавањето со разни профили на луѓе и работејќи на проекти, полека започнува да го трасира патот кон словенечката модна сцена.

Прерано згаснатиот живот на Зоран допринесе голем број колеги да го споделат своето искуство со него, зборувајќи исклучително во суперлатив.  „Тој беше силен човек кој знаеше како функционираат работите, секогаш релаксиран и спремен да ги насмее сите околу себе. Токму затоа беше омилен меѓу дизајнерите и пријателите“ – изјави Petya Zorec, една од дизајнерките која беше дел од хуманитарната модна ревија организирана во текот на модната недела во Љубљана, со цел собирање на финансиски средства за потребите на модниот дизајнер.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Актуел