По два дена изгладнување ми рекоа да продолжам со исто темпо – исповед на поранешна манекенка

14 октомври 2013

Сега веќе 23 годишната поранешна манекенка признала дека и таа како голем број тинејџерки сонувала да стане славна манекенка, а следејќи со советот на нејзиниот агент да ослабне, се разболела од анорексија и завршила во болница.

Откако ја видел како изгледа по два дена без храна, агентот и кажал да продолжи со истото темпо, но поради лошата здравствена состојба таа ја напушта модната сцена на 18 години иако започнала на 15.

„Прв пат кога го запознав агентот ми кажа дека имам потенцијал да станам светски позната манекенка, но дека морам да ослабам неколку килограми и да намалам неколку сантиметри околу струкот и колковите“ – кажала Џорџија. Шест месеци подоцна добила договор за работа во Јапонија, но под услов да ја намали телесната тежина.

Денес работи како асистентка во Лондон, но сепак со својата приказна сакала да им даде до знаење на тинејџерките дека модниот свет може да биде неправеден. Моделот се третира како производ,а  агентот е заинтересиран  се додека тој производ се продава. Со ова на кратко се упатува кратка порака до девојките дека  не е оправдано да се гладува по цена на популарност и пари.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Актуел