По Луј Витон нова цел на крадци е бутикот на Валентино

9 август 2014

Портпаролот на Валентино потврди дека кражбата на Sloane Street се случила околу еден часот по полноќ и дека била украдена роба во вредност од 20. 000 евра.

Бутикот бил цел на пет крадци кои пристигнале на три скутери, облечени во црно, со кациги на главата, што дополнително ја отежнува целата истрага. По присилното отворање на вратите од продажниот салон, тие ограбиле голем дел од луксузните рачни чанти и потоа се поделиле и заминале во два различни правци.Едно лице било приведено кратко по крабата, но сега за сега кај него не е пронајдено ништо од украдената роба.  Истрагата продолжува иако полицијата нема други осомничени.

Кражбите во модната индустрија станаа честа појава. Бутикот на Шанел беше ограбен во април, вчера беше украден камионот полн со чанти од Луј Витон, а денес веќе Валентино е материјално штетен на сума од 20. 000 евра.

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Актуел