По само шест месеци Џастин О’Ши ја напушти модната куќа Бриони

5 октомври 2016

Италијанската модна куќа Бриони соопшти дека Џастин О’Ши го напушта местото креативен директор по само шест месеци работа.

Имено, тој во модната куќа дојде по седум години работа во онлајн продавницата My Theresa сакајќи да прифати нов предизвик и да проба нешто малку поинакво.

Модната куќа Бриони е во сопственост на моќниот конгломерат Керинг, а главниот и извршен директор Франсоа Хенри Пино отсекогаш велел дека сака да презема ризици и да работи со нови луѓе.

Речиси целиот тим на групацијата и модната куќа тогаш посочи дека токму Џастин О’Шеа е идеалната личност за позицијата креативен директор и дека одлично ќе се вклопи во визијата на брендот и нивните вредности. Но, се случи токму спротивното. 

Првата реклама за брендот беше сосема поинаква од сето она на што досега навикнавме да гледаме од модната куќа. Во главната улога на кампањата која ја режираше самиот Џастин се појави култниот бенд Металика снимен во црно – бела техника. 

Според сите критики и коментари се чинеше дека тоа е сосема поинакво од она на што челните луѓе се надевале, а многумина посочија дека на вакви брендови воопшто им е тешко да придобијат модерни клиенти. 

Иако во модната куќа беа подготвени за промена, се чини нивните клиенти не биле.

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
230 пати