По смртта на Џеки Кенеди облеката била донирана во манастир

28 јули 2020

На денешен ден во 1929 година е родена Џеки Кенеди. Светот ја памети како една од најелегантните и најубавите први дами на Америка. Нејзиниот живот беше под лупата на јавноста, а нејзината појава предизвикуваше внимании и реакции - убави и помалку убави.

Сепак, кога во 1994 година почина после долго боледување од канцер, светот жалеше по за многумина сепак омилената прва дама.Таа титула не успеа да ја тргне од себе ниту по смртта на нејзиниот сопруг, ниту по бракот со Аристотел Оназис...

Нејзините деца, Каролин и Џон мораа да се соочат со загубата, но и со „остатоците“ од животот на нивната мајка.

„Нема да плачам пред 50 милиони луѓе“ е реченицата која нејзиниот син ќе му ја каже на најдобриот другар на погребот на мајка си, а медиумите ќе ја пренесат.

Но, тоа не беше единствената работа со која децата мораа да се соочат. Нејзиното богатство, предмети и облека останаа и тие знаеја дека со нив треба нешто да се направи.

Книгата „America's Reluctant Prince: The Life of John F. Kennedy Jr“ од авторот Стивен Гилон е една од најпродаваните биографии за Кенеди и токму во неа се открива што се случува со облеката на првата дама со беспрекорен моден вкус.

Во книгата се вели дека во времето кога Џон барал огласувачи за „Goerge magazine“, се сретнал и со еден од омилените дизајнери на мајка му, Валентино Гаравани.

Италијанскиот дизајнер, кој дизајнирал стотици креации за неа, помеѓу кои и венчаницата во која се мажи за Аристотел Оназис во 1968 година, се заинтересирал што се случило со облеката на Џеки.

Тој сакал да купи некој од дизајните за кои ќе рече дека се „најубавите што некогаш сум ги создал“. Но, ќе наиде на неочекуван одговор.

Џон и Каролина немале ниту едно парче од нивната мајка, сета облека била дадена.

„Не можевме да ја поднесеме мислата дека одејќи по улица можеме да видиме луѓе во нејзина облека, затоа ги дадовме“, му признал Џон на Валентино.

Дизајнерот сепак бил упорен, а и љубопитен, па ги прашал, каде ги дале, за да се обиде сепак да ги земе.

„Ги дадовме во манастир во Род Ајленд. Замисли колку се среќни тие сестри кога навечер светлата ќе се изгасат и сите ќе заминат дома и тие ќе пуштат некоја музика и се вртат во твојата облека“, бил одговорот кој Валентино го добил и после кој разговорот бил прекинат.

Што навистина се случило со сета однесена облека во манастирот, никој веќе не знае.

Но, она што знаеме е дека Џеки носеше безвременски креации, кои во себе секогаш содржат елеганција и женственост.

Во продолжение се присетуваме на некои кои без проблем би можеле да се носат и денес.

 

Објавено:
28 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.061 пати
Тагови: 
Џеки Кенеди