Откако Џастин Бибер се закани дека ќе ги тужи H&M, модниот бренд ја повлече колекцијата со ликот на популарниот пејач од продажба.
Дваесет и осум годишната ѕвезда категорично се изјасни дека не ја одобрува линијата која што вклучуваше маички со кратки ракави, џемпери, платнени торби и додатоци за телефони.
Пејачот на својот Instagram профил ги постираше производите и на своите следбеници им порачуваше да не ги купуваат. Ги нарече истите "ѓубре" од причина што се пуштени во продажба без негово одобрување.
Од H&M изјавија дека тие како компанија ги следеле сите законски процедури, но од почит кон Џастин на негово барање, ги повлекле производите со неговиот лик.
Ова не е прв пат, позната ѕвезда да тужи одреден бренд поради користење на нивниот лик без дозвола. Слично нешто се случи во 2015 година кога Ријана ја доби тужбата против Topshop. Пејачката од Брабадос ја обвини компанијата дека продавала маички без ракави на коишто бил испечатен нејзиниот лик.