Почина британскaта кралица Елизабета Втора

8 септември 2022

Денеска почина британската кралица Елизабета Втора, во 96-та година д животот, соопшти Бакингемската палата. Таа важеше за сакана владетелка, која воедно беше и најдолговечниот британски монарх кој остана цели 70 години на тронот.

Претходно денеска лекарите објавија дека се загрижени за нејзиното здравје и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал, по што беа известени сите членови на кралското семејство. Принцот Хари и Меган Маркл исто тка пристигнале во палатата, за да бидат поблиску до кралицата во последните мигови.

- Кралицата попладнево мирно почина во Балморал. Кралот и кралицата вечерва ќе останат во палатата, а утре ќе се вратат во Лондон", се вели во известувањето на Бакингемската палата.

На тронот сега ја наследува принцот Чарлс, кој по неколку часа по смртта на неговата мајка изјави:
- Длабоко жалиме за смртта на нашата мила и сакана мајка. Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, Кралството и Комонвелтот и светот. За време на овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе се утешиме со почитта и длабоката наклонетост во која кралицата беше толку широко прифатена.

Која беше Елизабета Втора

Елизабета Втора важеше за најмоќниот британски монарх, а на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

Елизабета Втора е родена во Лондон во 1926 година. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери. Нејзиниот татко бил британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт кога неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката, Волис Симпсон.

Таа и нејзината помлада сестра Маргарет биле одгледани од гувернанта и биле крстени во капелата на Бакингемската палата. Како дете го добила прекарот „Лилибет" бидејќи не можела да го изговори своето име.

Елизабета не одела на училиште, ниту јавно ниту приватно, но како и повеќето деца кои припаѓале на кралското семејство, таа се школувала дома, каде што ги имала на располагање најдобрите учители. На седумгодишна возраст научила да чита и пишува. Студирала и француски јазик, земала часови по пијано и танц, а се се променило кога станало очигледно дека еден ден ќе седне на британскиот трон.

Елизабета Втора посетила дури 117 земји и се смета за шеф на државата која посетила најмногу земји.
Таа се смета за една од највлијателните жени на сите времиња.

Елизабета Втора и стилот

Првата асоцијација се капути во многу бои. Да, кралицата обожувала да носи весели бои и квалитетни материјали (тоа нема потреба да се потенцира), како и цветни дезени и детали. Секогаш имала сведен накит, шапка, ракавици и мали чанти.

Еве дел од нејзините стилски тајни:

-Чевлите секогаш имаат потпетици високи 6 см.

-Палтото никогаш не го соблекува во јавност. Фустанот е секогаш под колена.

-Во тренерки во јавност е фотографирана само еднаш и тоа за време на турнејата низ Канада во 1970-тата. Свилените тренерки се дизајн на кралскиот стилист Јан Томас, кој сакал да го модернизира нејзиниот изглед.

-Кралицата поседува повеќе од 200 „Лаунер" чанти. Нејзините омилени модели е „Ројал" и „Травијата" (со димензии 23смх20смх10см). Чантата има подолга рачка, за да го олесни процесот на ракување.

-Секогаш носи ракавици долги 15 сантриметри. Од 1947 година, „Корнелија Џејмс Лтд." произведува десетици годишно само за кралицата.

-Свилените марами мора да се од модната куќа „Ермес". Има огромна колекција на нивните марами.

-Од 1952 година, за секое отворање на Парламентот таа ја носи т.н. Државна круна, што е направена уште 1820-тата година за крунисувањето на Џорџ Четврти, на која има 1.333 дијаманти.

-Има чадор во соодветна боја за секоја комбинација. Компанијата „Фултон" ги изработува специјално за неа.

-Шапките никогаш не смеат да имаат широк пречник, за да не ѝ го сокриваат лицето. Нејзиниот омилен изработувач на шапки е Рејчел Тревор Морган. При изработката на овој моден додаток, таа мора да внимава да не се премногу високи, за Елизабета II да може лесно да излезе од автомобил.

Објавено:
8 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
539 пати