Почина еден од најголемите бунтовници во светот на модата

20 ноември 2017

Азедин Алаја францускиот моден дизајнер роден во Тунис, познат по сите оние тесни фустани кои ги одбележаа 80-тите години, почина на 77 години во Париз.

Неговите дизајни сакаа да ги носат сите светски топ модели, па се до првите дами на Белата куќа. Француската модна федерација ќе објави во саботата дека починал, но не ги наведува деталите за смртта.

За него секогаш неговите соработници велеа дека е полн со тајни, мистериозен, но и моден бунтовник. Тој со години живееше во Париз, но не учествуваше на париските модни недели, случувањата едноставно сакаше да ги игнорира.

Тој имаше свој сопствен концепт како да прикаже тоа што сработил. Во своето ателје во друштво со само оние што ги сака и почитува организираше ревии. Тој си го почитуваше своето време и своите соништа. Во ниту еден момент не се приклучи кон еуфоријата, толпата и како што тој милуваше да каже здодевноста на таа врева.

Го нарекуваа кралот на тесните фустани каде секој милиметар од материјалот беше совршено обработен. Негов омилен модел беше Наоми Кемпбел, а во последно време неговите дизајни ги носеше и Мишел Обама.

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
500 пати