Почина основачот на модната агенција Elite Џон Казабланкас

22 јули 2013

 

Како човек со извонреден талент Џон Казабланкас е заслужен за глобалниот успеџ на брендот Elite, а неговата визија го промени концептот на менаџирање модна агенцијаи водење на кариерата на најзаначајните топ модели во светот. „Неговиот импакт ќе има вечно влијание врз модна индустрија и интузијазмот ќе трае засекогаш,“ изјави Стефанија Валенти, извршен директор на групацијата Elite. Основачот на агенцијата Elite во голема мера е одговорен за гламуризација на манекенството и за претворање на моделите во идоли. Тој на своите манекенки им обезбеди вносни договори и огромни хонорари, иако тоа понекогаш резултираше со растење на нивните ега правпопропорционално со нивната заработувачка.

 

Казабланкас со години го организираше изборот Elite Model Look Казабланкас со години го организираше изборот Elite Model Look

 

Џон Казабланкас кој заедно со Алан Китлер ја основа модната агенција Elite во Париз во 1972 година, заслужен е за успешните кариери на Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Линда Евангелиста, Хајди Клум, Стефани Сејмур, Иман, Татјана Патиц, Јасмин Ле Бон, Жизел Бундшен, Наоми Кембел, Андријана Лима, Ева Херцигова и многу други познати манекенки.

 

Казабланкас со Инес Састре, победничка на Елитовиот избор во 1989 година Казабланкас со Инес Састре, победничка на Елитовиот избор во 1989 година

 

„Моделите беа само модели", зборуваше Казабланкас во интервју за New York Magazine  во 2005 година за стаусот на манекенките пред да ја основа својата агенција Elite. „Ние почнавме да создаваме мит зад изгледот." А тоа со сигурност функционираше, бидејќи повеќето модели кои работеа под менторство на Казабланка доживеаја слава како онаа на холивудските актерки.

 

Казабланкас беше критикуван дека ја злоупотребува својата професија за да се забавува со млади манекенки како Стефани Сејмур Казабланкас беше критикуван дека ја злоупотребува својата професија за да се забавува со млади манекенки како Стефани Сејмур

 

Казабланкас почина во Рио де Женеиро на 70-годишна возраст. Зад себе ги остави сопругата Алин и петте деца Џон, Фернандо Аугусто, Нина, Сесил и Џулијан (најстариот син Џулијан е основач и пејач на групата The Strokes).

 

Синди Крафорд, последна од лево, како натпреварувачка на Elite Model Look во 1983 година  Синди Крафорд, последна од лево, како натпреварувачка на Elite Model Look во 1983 година

 

Како визионер во манекенскиот бизнис Казабланкас своевремено лансираше избор на нови манекенски лица наречен Elite Model Look, на кој во 1988 година учествуваше Надица Георгиева како престаставничка на Југославија, а во 1996 година Македонија ја претставуваше Весна Додевска.

 

 

Објавено:
22 јули 2013
Категорија: 
Актуел