Почина Отавио Мисони

9 мај 2013

Утринава на 92-годишна возраст почина основачот на италијанскиот моден бренд Мисони. Роден во Дубровник од татко Италијанец и мајка далматинска аристократка, Отавио Мисони кариерата ја започна како спортист, а по Втората светска војна започна да креира волнени тренерки наменети за италијанскиот тим на Олимпијадата во Лондон во 1948 година. Токму во Лондон ја среќава својата сопруга Розита со која ја основа сега веќе легендарната модна куќа Мисони.

 

Ottavio-Missoni

„Никогаш не сум креирал трендовски парчиња“, изјави Отавио во 2011 година. „Не сум сакал да работам во рамките на некакви сегашни шеми, туку сакав сам да го „обојам“ мојот стил. Никогаш не сум сонувал за ова, случајно влетав во модата“.

Missoni13_V_8feb10_pr_b_426x639

Марката Мисони е препознатлива по моделите со впечатлива цик-цак шара и шарените вечерни фустани. Во работата на брендот се влучени сите членови од семејството, ќерката на Отавио и Розита, Анџела Мисони, е главен дизајнер, а внуката Маргарита важи за миленичка на модниот свет. Како што потврди семејството, Отавио Мисони починал во раните утрински часови својот дом во Италија, а наскоро ќе биде објавено каде и кога ќе се одржи погребот.

 

Објавено:
9 мај 2013
Категорија: 
Актуел