Почина сопругата на Џон Траволта

13 јули 2020

Во 58-та година од животот, вчера почина сопругата на Џон Траволта, актерката Кели Престон, која ја изгуби двегодишната борба со ракот на дојка.

Својата битка со подмолната болест, актерката ја водела во тајност и далеку од очите на јавноста.
Тажната вест ја потврди и Траволта на својот Инстаграм профил:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta) onJul 12, 2020 at 10:20pm PDT

-Со скршено срце ви соопштувам дека мојата преубава сопруга Кели ја изгуби двегодишната борба со ракот на дојка. Храбро се бореше, со љубов и поддршка од многумина. Нејзината љубов и живот никогаш нема да ги заборавиме. Сега ќе посветам време на нашите деца кои останаа без мајка, па простете ми ако одреден период не слушнете ништо за нас. Ја чувствуваме вашата љубов во неделите и месеците пред нас, додека се трудиме да ги закрепиме раните.

Кели Престон и Џон Траволта беа во брак 29 години и имаа три деца. Големата семејна трагедија во 2009-та година, кога почина нивниот син Џет, остави тешки последици и кај двајцата, но и се бореа цврсто и успеаа да го продолжат заеднички животот.

Фото: Инстаграм

Објавено:
13 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.419 пати