Погледнете ги најновите модни моменти на сетот на „And just like that…2“

10 октомври 2022

Снимањето на втората сезона од рибутот на мега-хитот „Sex and the City: And just like that..." е во тек! За таа цел, актерките Сара Џесика Паркер и Кристин Дејвис се појавија на улиците на Њујорк, а најновите кадри од снимањето и она што се случуваше зад сцената доловија нови возбудливи модни моменти на нивните ликови.

Уште во март годинава беше потврдено дека рибутот, чија премиера беше минатата година, ќе добие втора сезона на HBO Max. Сара Џесика Паркер оттогаш остана цврсто таинствена околу понатамошни детали за претстојната втора сезона, неколкупати изјавувајќи дека не може да сподели „апсолутно ништо".

Сепак, благодарение на овие фотографии, имаме барем малку увид во најновиот шармантен стил на Кери Бредшо.

„Sex and the City: And just like that..." ги следи најдобрите пријателки Кери (Паркер), Шарлот Голденблат (Дејвис) и Миранда Хобс (Синтија Никсон), сега во нивните 50-ти години, како жонглираат со нови лични и професионални игри низ Њујорк. Жените сега се постари, нешто помудри и отворено попрогресивни. Но, ако една работа остана константна меѓу нив, тоа е дека нивната гардероба и карактери секогаш одат рака под рака.

Во прилог погледнете ги најновите ансамбли кои ќе ги носат ликовите во новата сезона на „Sex and the City: And just like that..."

Фото: harpersbazaar.com

Фото: harpersbazaar.com

Фото: harpersbazaar.com Фото: harpersbazaar.com

Фото: harpersbazaar.com

Фото: harpersbazaar.com

Објавено:
10 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.224 пати