Погледнете ја изложбата „Кристијан Диор - дизајнер на соништата“ на „Јутјуб“

20 април 2020

Уште една можност за квалитетно пополнување на времето дома за сите љубители на уметноста и дизајнот. Модната куќа „Диор“ одлучи да ги израдува сите свои обожаватели, па овозможи од нашите удобни домови да можеме да видиме како изгледа една изложба.

Конкретно, се работи за изожбата „Кристијан Диор: Дизајнер на соништа“, која беше првично прикажано во период од 5 јули 2017 до 7 јануари 2018 година, а одржана во „Музејот на декоративни уметности“ во Париз, во рамки на музејот „Лувр“.

„Да ја живиме повторно магијата од нашите домови“, стои во поканата од модната куќа „Диор“ до сите оние што би сакале да ја гледаат.

Ако досега не успеавте, се уште е достапна на каналот „Јутјуб“ и ние ви ја пласираме во продолжение:

 

Објавено:
20 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
319 пати
Тагови: 
Диор изложба