Погледнете како Ајрис Апфел го прослави 98. роденден

6 септември 2019

Неповторливата Ајрис Апфел неодамна го прослави 98. роденден! На социјалните мрежи објави неколку фотографии, на кои е опкружена со блиски луѓе, прекрасно цвеќе и секако роденденска торта.

Неколку дена пред роденденот (кој официјално е на 2. септември), таа беше во Њујорк, каде исто така ѝ беше приредено роденденско изненадување. 

Фотографиите поттикнаа голем број честитки, а со оглед на возраста Ајрис уште еднаш покажува дека тие се само број, важен е духот. Дотерана, со препознатливите очила и накит, таа го изрази задоволството што го прославила роденденот во присуство на драги луѓе, како и дека честитките што ги примила ја направиле најсреќна!

-„Мислам дека повеќето луѓе не знаат кои се во суштина. Тие се чувствуваат сигурно ако изгледаат како другите луѓе или ако се облекуваат на начин за кој сите велат дена е „ин". Не знаат што да облечат или како да ја носат облеката, а тоа ги прави несреќни. Но, стилот не се учи. Според мене, стилот е во нашата ДНК. Може да научите како да бидете модерни, како да се облекувате подобро, но стилот не се учи. Тоа е нешто внатрешно. Прво треба да знаеш кој си", вели Апфел, чиј автентичен стил е препознатлив по храбриот колорит и предимензионираните очила“, ќе каже во едно интервју.

Во контекст на својот стил ќе каже:

„Пастелните бои ме нервираат. Никогаш не би можела да бидам како мојата мајка кај која во секое време изгледаше перфектно. Јас не сум таква. Нејзе сите ја гледаа на многу поинаков начин во однос на тоа како ме гледаат мене. Таа беше многу дисциплинирана во однос на модата. Не сум човек што планира. Ако треба однапред да планирам што би правела секој ден, би полудела. Човек сум што експериментира, љубопитна сум и сакам да пробам нови работи. Ако ми се допаѓа, повторувам".

Ајрис е навистина инспирација!

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
384 пати