Погледнете каква мода беше презентирана на модната недела во Сараево

6 ноември 2013

Модната недела во Босна, односно Сараево, Nivea BH Fashion Week, траеше од втори до четврти ноември, а во овие три дена се претставија дел од најпознатите босански креатори.

Модниот настан се случуваше во хотелот Холидеј Ин, а целта беше да се стави акцент на босанското производство и дизајн. Тамошните медиуми потенцираат дека голем број од дизајнерите се одлучиле да презентираат колекции кои се наменети за странскиот пазар. Така, дел од нив презентираа свечени тоалети, типични босански, со голем број украси.

Она што беше исто така впечатливо е дека големо внимание се посвети на машката мода, па таа беше речиси рамноправно застапена со женската.

Освен елегантни модели, љубителите на модата во Босна имаа можност да видат и урбани модели, но и поавангардни и уметнички.

Ова беше 31-вото издание на манифестацијата, а во продолжение погледнете дел од претставените ревии.

 

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Актуел