Погодете кое е новото лице на H&M?

5 февруари 2014

Миранда Кер е официјално кралица на уличните брендови. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет е новото заштитно лице на брендот H & M за пролетната кампања.

 

 

Популарната етикета најавата дека овој супер модел ќе биде нивно заштитно лице ја објави на мошне инвентивен начин. Имено на социјалните мрежи тие постираа слика од Миранда, каде таа си ги покрива очите со златна табла на која се игра популарната игра „икс и точка“. Но, прекрасната насмевка и дупчиња на образите кои се нејзин препознатлив шарманетн заштитен знак, ја разоткрија Миранда. После оваа најава Миранда се огласи на социјалните мрежи постирајќи видео во кое вели:

„Еј, H & M следбеници, јас сум Миранда Кер и сум новото лице на H & M пролетната кампања. За повеќе информации, следете не!“

Ова не е прв пат моделот да биде избрана за заштитно лице на некој уличен бренд. Минатата година таа беше дел од неколку кампањи за шпанската етикета Манго, каде сними и промотивно видео за продавницата, а изработи и одлична фотосесија позирајќи во некои од најмодерните парчиња на оваа модна куќа.

 

 

Претходни заштитни лица на кампањите за H & M биле Лана дел Реј, Џорџија Меј Џегер, Ријана и Карен Елсон.

Објавено:
5 февруари 2014
Категорија: 
Актуел