Порака до модната индустрија: Сѐ ми е мало!

23 август 2016

Изминативе месеци беше особено актуелна веста дека Лесли Џонс, актерката што е дел од најновото остварување за „Ghostbusters“, има проблеми со дизајнерите, бидејќи не секој се одлучува да соработува со неа, поради тежината. Кристијан Сиријано е тој што сега се грижи за нејзиниот изглед и што килограмите не му претставуваа проблем за да се погрижи Лесли да изгледа убаво.

Сличен проблем имаше и актерката Брус Далас Хауардс, на доделувањето на „Златен глобус“, кога била приморана да купи фустан на Џени Пекам од бутик, бидејќи немала многу други опции.

После осум години работа во модната индустрија, авторката Лиз Блек совршено ги познава големите – од 32 до 34 – тоа се типични големини за модната индустрија и најраспространети, стандардни за шиење облека за писта или едиторијали.

Тие всушност го презентираат посакуваниот тип на тело за „стрејт-сајз“ моделите. Не се направени за некој со нејзин облик и тип на тело, што ја натерало Лиз да направи едиторијал токму со такви парчиња облека. Затоа не се депримирајте веднаш што кога сакате да купите нешто, сè ви е тесно или мало.

Во соработка со фотографката Кристина Вилсон, таа успева да направи серија фотографии за тоа зошто на и во модата се потребни повеќе репрезенти на различни типови тела.

-Она што навистина сакав да го направам е да покажам колку неверојатно тесни се примероците од парчињата. За мене, како фотограф, она што сакам луѓето да видат е дека постои само еден примерок од секое парче облека. Ако сакате да пробате како ви стои некој фустан од висока мода на пример, или било кое друго парче облека, а не сте слаби, тогаш нема да можете да го сторите тоа. Со тоа, сите „поинакви“ луѓе се ставени на маргините – вели фотографката.

На тоа се надоврза и Лиз:

-Се обидов да се чувствувам прекрасно и елегантно, дури и само со наметнување на парчињата на телото, затоа што имам силна љубов кон врвната, скапа мода. Но, знаете, постои и дел од мене што се чувствува тажно кога знае дека ова е веројатно единствениот пат кога ќе носам такви парчиња, држејќи го фустанот против моето тело и протнувајќи ги рацете низ ракавите – признава авторката и блогерка.

Кристина пак, вели дека многу често се чувствува како да фотографира една иста личност:

-Тоа се најчесто млади, слаби, бели личности, не е важно дали се работи за мажи или жени. И често си мислам, ова е е репрезент за различни тела во светот. А сите носиме облека. Токму затоа би требало да имаме можност да видиме некој што ќе го презентира нашето тело, за да видиме како таа облека би изгледала на нас и да се почувствуваме добро во врска со себе, со самодоверба. И да бидам комплетно искрена, станува досадно да се фотографира ист тип на личност.

Блек посочува на тоа дека напредок има, но не е доволен.

-И покрај тоа што имаме напредок и модата е повеќе инклузивна, сѐ уште постојат тие заљубени погледи кон слабите тела, што е проширено низ целата модна индустрија. За многу луѓе во индустријата, тоа е знак на успех, тоа да бидеш доволно слаб за да можеш да ги носиш овие парчиња облека, затоа што во тој случај можеш да го позајмиш било кое парче од било кој дизајнер – објаснува Блек.

Таа додава дека различни магазини и дизајнери од светот на модата имаат ниво на страв дека ќе бидат видени како помалку ексклузивни ако на пример, облечат плус-сајз модел:

-Дизајнерите се лимитираат себеси... Ни треба да видиме – не-хомогенизирани ревии, бидејќи голем број претставници на различни пазарни групи ќе ги гледаат тие ревии како нивна инспирација, а сѐ уште ќе гледаат во тие слаби тела, па затоа сѐ уште ќе ни презентираат и таква облека. Навистина би сакала да пренесам порака за тоа колку е важна презентацијата на нешто. А со тоа што ги покажувам овие „мали“, тесни бројчиња на моето тело со големина 44, знаев дека ќе одекне кај луѓето на различни нивоа. Сакав оваа порака да ја адресирам до оние што прават ексклузивни парчиња во модната индустрија, и тоа морав да го сторам на нивен јазик за да можат да ме разберат. Ако се обидев да се „стиснам“ во премногу мали фармерки или маица, тогаш немаше да го има истото влијание, тогаш овие тесни парчиња немаше да изгледаат исто на ова мое, големо тело – порачува Лиз.

Објавено:
23 август 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.254 пати