Поранешната сопруга на Маурисио Гучи подготвува мјузикл во Лондон

8 октомври 2013

Откако излезе од затвор, Партисија Реџиани подготвува мјузикл кој ќе биде изведен на Лондонската сцена следниот викенд. Реџиани, која беше обвинета за нарачка на убиството на својот поранешен сопруг и сопственик на Гучи, Маурисио Гучи во 1995 година, беше ослободена од затвор минатиот месец и моментално работи за италијанскиот бренд за аксесоари Бозарт.

Инаку, во мујзиклот насловен Mrs. Gucci главната улога ќе ја има англиската актерка Џули Атхертон. Црната вдовица како што ја нарекуваат Патрисија, откако излезе од затвор прв пат е фотографирана на улица низ Милано.

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Актуел